Арсенал славеше кај Њукасл и остана во трка за титулата (ВИДЕО)

150

Фудбалерите на Арсенал славеа на гости кај Њукасл со 2:0 во дербито од 35. коло на англиската Премиер лига и останаа во живот во битката за шампионскиот пехар. Арсенал сега е на втората позиција со 81 бод, што е бод помалку и меч повеќе од водечкиот Манчестер Сити.

Њукасл и натаму е трет со 65 бодови, два бода повеќе од Манчестер Јунајтед кој вечерва гостува кај Вест Хем и три бода повеќе и меч помалку од петтопласираниот Ливерпул. „Црвените“ неочекувано влегоа во борба за место во Лигата на шампионите и ќе имаме интересна трка на крајот од сезоната меѓу три екипи за две места кои водат во елитното натпреварување.

Победата за Арсенал на „Ст. Џејмс Парк“ ја обезбедија Одегард во 14. минута и Шер со автоголот во 71. минута.

ПретходноРаботнички го преживеа „Младост“ и си закажа полуфинална пресметка со МЗТ Скопје!
СледноНаполи со победа ја прослави титулата и на „Диего Марадона“ (ВИДЕО)