Де Хеа го „почести“ Вест Хем и си направи проблем во битката за ЛШ (ВИДЕО)

815

Фудбалерите на Вест Хем на домашен терен го совладаа Манчестер Јунајтед со резултат 1:0 во мечот од 35. коло од Премиер лигата. Со овој триумф, Вест Хем стигна до 37 бода и е сигурен во битката за опстанок, затоа што има 7 бода предност пред екипите во опасната зона.

Јунајтед со овој пораз ја искомпликува борбата за место во Лигата на шампионите. Одлуката за победникот падна во 27. минута кога Саид Бенрама по еден соло продор шутираше прилично млако од околу 20 метри, но Де Хеа ужасно интервенираше, па топката заврши во неговата мрежа, за 1:0 .

Во продолжение Вест Хем имаше подобра игра, додека гостите само јалово притискаа.

ПретходноПознати екипите кои ќе играат на женскиот Ф4 во Лигата на шампионите
СледноПелистер ја доби „мајсторката“ со Феникс 2010 и обезбеди полуфинале