Ристовски влезе во клубот 100 на „модрите“ од „Максимир“

107

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, вчера го одигра својот јубилеен – 100-ти меч во дресот на хрватскиот фудбалски гигант Динамо (З). Ристовски ги одигра сите 90 минути на вчерашното гостување кај Осијек во меч кој на крајот заврши без голови.

Динамо (З) годинава прослави уште една титула на хрватската фудбалска сцена, а Ристовски имаше значаен придонес во неа со 26 настапи и 4 постигнати гола.

ПретходноЈокиќ се „закачи“ со газдата на Феникс, го поткачи со лактот и доби техничка (ВИДЕО)
СледноТитулата во Струга се славеше со огномет до доцна во ноќта (ВИДЕО)