Зенит по петтипат едноподруго е шампион на Русија

107

Екипата на Зенит го освои руското фудбалско првенство петтипат по ред.

Клубот од Санкт Петербург на домашен терен го победи Спартак (3:2) во 26. коло од Премиер лигата на Русија и предвреме ја обезбеди титулата.

Зенит стигна до 64 бода и стана недостижен за конкурентите на четири кола пред крајот на првенството. ЦСКА има 51 бод, Ростов 50, а Спартак 49.

Зенит го освои петтиот наслов по ред (2018/19, 2019/20, 2020/21, 2021/22, 2022/23), сите под водство на тренерот Сергеј Семак. Само Спартак (М) имаше подолга серија од шест последователни титули во низа во периодот од 1996 до 2001 година.

ПретходноОдиграна првата половина од шаховските првенства – фаворитите во водство
СледноОФИЦИЈАЛНО: Спалети останува во Наполи и следната сезона