Реал Мадрид во вторник (21:00 часот) ќе го пречека Манчестер Сити во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите на Сантијаго Бернабеу во Мадрид. Тренерот на мадриѓаните Карло Анчелоти даде коментар во пресрет на натпреварот.
„Манчестер Сити може да изгледа незапирливо, но ние дефинитивно ќе имаме шанси. Ќе се бориме. Не размислуваме како да го запреме еден или друг играч затоа што тие имаат силен тим.
Сакаме да постигнеме позитивен резултат утре. Не сакаме да страдаме, сакаме да играме добро. Нашата цел е да избегнеме проблеми. Ќе биде најтешкиот натпревар до сега“, изјави Анчелоти, цитиран од официјалниот сајт на УЕФА.
На претходните два нивни меѓусебни дуели во април и мај 2022 година севкупен победник беше Реал Мадрид. Во Манчестер беше 4:3 за Сити, а во Мадрид „Кралевите“ победија со 3:1.