Шампионот пред елиминација, Леброн и Дејвис го имаат лекот за Голден стејт (ВИДЕО)

710

Голден Стејт го победи Сакраменто Кингс во седум натпревари, а доколку сака да оди во финалето ќе мора да одигра седум натпревари со Лос Анџелес Лејкерс, бидејќи сега противникот води со 3:1 во серијата против актуелниот шампион по победата од 104:101.

Шампионот уште еднаш немаше решение за Леброн Џејмс и Ентони Дејвис под кошот. „Кралот“ успеа да постигне 27 поени со 9 скока и 6 асистенции, додека „Веѓата“ имаше 23 поени со 15 скока и 2 асистенции. Одличен беше и Остин Ривс со 21 поен и 4 асистенции.

На другата страна, Стеф Кари имаше 31 поен, 14 асистенции и 10 скока, но и неговиот трипл-дабл не значеше многу. Вигинс додаде 17 поени, Пејтон имаше 15, но никаде го немаше Клеј Томпсон, кој запиша 9 поени.

А на Истокот Џими Батлер продолжи со плеј-оф магијата. Го предводеше Мајами до третата победа во серија (109-101) и сега во петтиот натпревар од серијата Њујорк.

Батлер постигна 27 поени, 10 скока и 6 асистенции, Бренсон го предводеше својот тим со 32 поени и 11 скока.

Претходно„Шумарите“ со драгоцена победа во меч со седум гола
СледноНБА го казни Јокиќ поради физичка пресметка со сопственикот на Санс!