Им донесе европски трофеј по 42 години, а тие ќе го менуваат

527

Ајнтрахт Франкфурт ќе го менува тренерот Оливер Гласнер, пренесува „Скај спортс“. Според изворот раководството на клубот размислува да го тргне 48-годишниот австриски тренер затоа што не се задоволни од перформансите на тимот оваа сезона.

Ајнтрахт влезе во една лоша серија од 11 натпревари без победа во Бундес лигата поради што е на 9. место на табелата со минимални шанси за излез во Европа идната сезона. Ајтрахт стигна и до осминафинлето на Лигата на шампионите меѓутоа изгуби од Наполи.

До крајот на Бундес лигата има уште три натпревари, Ајнтрахт ќе игра со Мајнц, Шалке и Фрајбург. Како утеха Ајтрахт стигна до финалето на Купот на Германија во кое на 3 јуни ќе игра против РБ Лајпциг.

Како потенцијални кандидати за клупата се споменуваат тренерот на Салцбург, Матијас Јисле, потоа Јулијан Нагелсман, поранешниот асистент Дино Топмелер и тренерот на Штурм, Кристијан Илзер.

 

ПретходноЕден Азар – уште една сезона во Реал и потоа пензија?
СледноСе огласи таткото на Меси: Нема никаков договор со клуб од С. Арабија