Во Лигата на Конференции, третото по ранг европско натпреварување на УЕФА, ова лето Македонија ќе има три екипи. Шкендија и Шкупи како втори и трети во ПМФЛ, и Македонија ЃП или Силекс преку Купот на Македонија, во зависност од тоа кој ќе победи во финалето, “лавовите“ или Струга ТЛ.
Што се однесува до Шкендија и Шкупи, тие на ждрепката во 1.квалификациско коло во ЛК ќе бидат носители и секако дека ќе имаат “лесни“ ривали, тимови кои би требало да ги поминат.
Тоа се екипи од Сан Марино, Гибралтар, Велс, Исланд, Малта, Грузија, Финска, Белорусија, Литванија, Црна Гора.
Нашите претставници во ова натпреварување своите ривали ќе ги дознаат на ждрепката во Нион на 21 јуни, истиот ден ќе ги дознаат и своите евентуални ривали и за 2.квалификациско коло, додека мечевите од стартното коло се на програмата на 13 и 20 јули.