Станојоски и Михов со победи се вратија во водечката група

185

На Отвореното првенство на Македонија во шах, кое се игра во Скопје, вчера на програмата беа дуелите од седмото коло.

Велемајсторот Звонко Станојоски со црни фигури во сицилијанска одбрана успеа да го надигра Антон Златков и предноста од еден пешак, остварен во средишницата, на крајот да ја претвори во победа, со која повторно се врати меѓу лидерите на табелата.

ФОТО: Звонко Станојоски

Шампионот од 2021 година, Филип Михов, исто така, извојува победа со црни фигури во француска одбрана против ИМ Тони Лазов. И двајцата шахисти потекнуваат од школата на ШК Алкалоид, а нивното ривалство и другарство од младинските категории сега се пренесе во борбата за шампионската титула во сениорска конкуренција. Михов, во остра позиција, најде подобри решенија и дојде до позициона предност. Во понатамошниот тек на партијата ги казни ситните непрецизности на противникот во средишницата, по што успеа да ги одбие сите обиди на борбениот Лазов во финишот, кога при материјален дефицит се обидуваше да ја закомплицира позицијата за да се врати во игра.


ФОТО: Филип Михов

Бидејќи на првата табла ФМ Емил Ристески и ИМ Никола Николовски одиграа реми, на врвот повторно се создаде група од четири шахисти со по 6 бода (ВМ Станојоски, ИМ Николовски, ФМ Велјаноски и Михов), а во претпоследното 8. коло тие ќе играат меѓу себе. Веднаш зад нив со 5,5 бода се ФМ Александар Кралевски и ФМ Емил Ристески, кои, исто така, ќе се сретнат во директен дуел.

На женскиот турнир, на кој се игра според Бергеровиот систем, вчера беше одиграна партијата на двете шахистки кои беа во водство, ЖФМ Моника Стојковска и Леа Ефтовска, која по 55 потези игра заврши со поделба на поенот. Ефтовска на тој начин останува во водство со 5,5 поени, додека, пак, на Стојковска во борбата за второто место ѝ се придружија Ивана Манова, Моника Жежовска и Маре Крстевска, кои вчера остварија победи.

ФОТО: Моника Жежовска и Леа Ефтовска


ФОТО: Кирил Николовски


ФОТО: Никола Бошковски


Филип Панчевски

 


Андреј Иванов

ПретходноНа 93 години почина легендарниот Антонио Карбахал!
СледноЛига Конференции: Шкендија и Шкупи се носители во 1.квалификациско коло и ќе добијат “лесни“ ривали!