Еден полицаец е уапсен откако додека бил на должност со пиштол му се заканувал на српскиот кошаркар Мирослав Радуљица.
Поранешниот НБА играч успеал да му го одземе пиштолот на пијаниот полицаец, а потоа во инцидентот се вмешал уште еден полицаец. Поголем инцидент спречиле спедијалци. Ова се случуваше во Шипово во манастирот „Глоговац“.
„Радуљица бил по еден шатор, а тогаш под шаторот дошол инспектор кој бил во друштво со неколку полициајци. Сакал фотографија со Радуљица, а тој одбил, по што следувало скандал“, пишува Српскаинфо.