Во извонредно четврфинален од Лигата на шампионите, ракометарите на Кил загубија во првиот меч со ПСЖ на домашен терен со 27-31 и сериозно го намалија шансите за учество на завршниот турнир.
Натпреварот помина во изедначена игра, во која голманите имаа своја вечер и успеваа да ги одржат и двата тима во тесна разлика. На полувреме ПСЖ замина со предност од еден гол (12-13), а во вториот дел видовме одличен почеток на гостите, кои направија предност од +3 (12-15) и најавија дека одат на победа.
Кил се врати за израмнување на резултатот на 19-19, но Раул Гонзалес по еден тајм-аут го врати тимот на вистинска патека за конечна победа.
Криштопанс, Пранди и Соле постигнаа по 6 гола за ПСЖ, додека кај Кил, Сагосен имаше 9 гола.
Во вториот четвртфинален меч вечерва, Висла Плоцк и Магдебург одиграа нерешено 22:22 и најавија многу интересен реванш.