ЛШ: Милан без идеја, Интер чекори кон финалето (ВИДЕО)

243

Фудбалерите на Интер тргнаа со голема победа од 2:0 над градскиот ривал Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите. Со головите на Џеко во 8. минута и на Мхитарјан во 11. минута, „нероаѕурите“ зачекорија кон големото финале, но ќе мора да одиграат уште еден добар меч за да ја потврдат денешната доминација.

Моќниот старт кој го одбележаа два гола им донесе фантастична предност на гостите, кои до полувреме можеа да водат и со 3-4 гола разлика. Во 16. минута Интер можеше да постигне трет гол, но стативата го спаси Мањан по топовскиот удар на Чалханоглу од речиси 30 метри.

Интер продолжи да доминира, во 31. минута судијата Хил Мансано покажа на белата точка, но ја смени одлуката по реакција од ВАР собата. Милан имаше само еден удар кон голот во првото полувреме.

Во вториот дел Милан ја поправи играта, но јалово и без простор за реализација. Најубавата шанса ја имаше Тонали кој во 63. минута шутираше од работ на шеснаесетникот, топката се одби од стативата и не заврши во голот.

ПретходноПСЖ го победи Кил на гости, Висла и Магдебург ремизираа
СледноЕвролига: Партизан „прокоцка“ Ф4, Монако испиша историја