Иако претстојниот викенд се играат мечевите од последните кола во ПМФЛ и ВМФЛ, сепак и дефинитивно се знае во баражот за Првата лига се среќаваат Скопје и Вардар. “Пиратите“ како тим кој заврши на 10. место во елитата, а вардарци како третопласирани во втората лига.
Па така како што дознаваме, ФФМ има намера овој меч да го закаже на Градскиот стадион во Кавадарци и тоа на 21 мај (недела) со почеток од 17 часот. Сепак треба да се почека ден- два за да ова биде и официјално.
Да потсетиме дека ден порано, на 20 мај, и тоа на ФФМ, се игра големото финале во Купот на Македонија меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП.