Барселона со демант: Не сме казнети за нерегуларности при исплата на играчите

179

Шпански „El Confidencial“ денеска излезе со информација дека даночните власти во Шпанија ја казниле Барселона со 15,7 милиони евра за прекршоци при исплаќања кон играчите.

Овие прекршоци биле поврзани со префрлање на автомобилите од марката Ауди на членовите на тимот, недавањето информации за исплата на чартер летови на играчите и неточното сметководство околу обесштетувањето што го добиле за Арда Туран (1.3 милиони евра) и Александар Сонг (3,5 милиони евра) по напуштање на клубот.

Информациите ги демантираше Барселона. Од таму соопштија дека нема никаква казна за нив.

Сакаме да соопштиме дека не е точна информација на El Confidencial за наводна казна од 15 милиони евра за прекршоци околу исплатата кон фудбалерите. Од наводните неправилности што се дискутирани во написот, ниту едно од споменатите прашања не е санкционирано од Министерството за финансии.

Санкциите споменати во написот и обжалени до Централниот економски управен суд се однесуваат на друго прашање, како што е даночниот третман на плаќањата извршени кон агентите на играчите.

Во врска со ова, Барса сака да нагласи дека во април 2023 година Централниот економски управен суд ги уважи жалбите поднесени од адвокатите на клубот, укинувајќи ги санкциите поврзани со персоналниот данок на доход и данокот на доход на нерезидентите. Наскоро се очекува и санкцијата за ДДВ да биде укината, бидејќи се однесува и на даночниот третман на плаќањата направени на агентите на играчите“.

Каталонците додаваат и дека ќе побараат да се поправи информацијата.

 

ПретходноТомовски ја „спушти ролетната“ против Алкалоид и го лансираше Вардар во Куп-финалето!
СледноЛазаров: Поразот од Вардар нека биде лекција и за играчите и за мене