Енис Барди е на излезна врата од Леванте, барем така пишуваат медиумите во Шпанија. Имено неговиот клуб бил во големи финансиски проблеми, па затоа сакал по секоја цена да го продаде еден од најдобрите македонски фудбалери и со тоа да се “извлече“ од финасиските дубиози. Имено познато е дека речиси една година и повеќе имаше интерес за Барди, посебно во минатиот летен преоден рок, но тогаш Леванте не сакаше да го продаде за помалку од 50 милиони евра, колку што и е откупната клаузула.
Сепак во моментов работите не се исти како пред една година, па затоа клубот од Валенсија би бил задоволен и со сума од 16 милиони евра, ова е цената која минимум за евентуално заминување на Македонецот.
Според медиумите во Шпанија, Леванте засега нема официјална понуда за Барди.