Газдата на Наполи со “луда“ идеја: На стадионите да се прават свадби!

257

Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на клубот за кој настапува и нашиот Елјиф Елмас, откако Наполи и дефинитивно по 33 години стана шампион во Серија А сега е “главен“ во Италија. Секојдневно дава по неколку интервјуа, а сега осоколен дава и свои предлози.

Убаво ќе биде луѓето по цел ден да бидат на стадионите, да се забавуваат, еве јас лично предлагам да се прават и свадби. Генерално во Италија се стари и крајно неискористени, едноставно не се за овој модерен фудбал. Инаку предлагам исто така сезоната да почнува во април а да завршува во октомври, значи да се менува календарот. А од ноември до април останува играчите да се одморат и тогаш да играат за своите репрезенатации. Тоа секако дека ќе биде најдобро за сите нас кои сме во фудбалот. Да кажам дека имам намера да го замолам министерот за образование да издејсвува Спалети и Анчелоти да помогнат со своето знаење и тоа на младите во учичиштатат, едноставно тие да бидат еден вид на предавачи за се она што е поврзано со фудбалот“...посочи Де Лаурентис.

ПретходноДавид Тошевски двапати ја тресеше мрежата на Урал! (ВИДЕО)
СледноБарселона ќе игра во ЛШ идната сезона и покрај случајот „Негреира“