Калин се пласираше во финалето во двојки на турнирот во Србија!

100

Добро му оди на нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски на ИТФ фјучерсот деновиве во Куршумлиска бања во Србија. Имено тој денеска избори пласман во полуфиналето, а попладнево се пласира и во финалето во двојки.

Калин доцна попладнево заедно со својот партнер, Олександар Овчаренко од Украина, со 2:1 во сетови победија во полуфиналето против Лајал од Естонија и Лок од Зимбабве. Во финалето Ивановски и Овчаренко ги очекува дуел со Чепелев од Русија и Халак од Белорусија.

ПретходноЈуве го претстави дресот за новата сезона, изгледа прекрасно! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноДавид Тошевски двапати ја тресеше мрежата на Урал! (ВИДЕО)