Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски обезбеди ново финале на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Куршумлиска бања во Србија. По она во двојки кое се игра денеска и заедно со Овчаренко, ќе ги одмерат силите со Чепелев/ Халиак, тој ќе има шанса да се бори за пехарот и во сингл.
Ивановски во полуфиналната пресметка во два сета го победи токму неговиот партнер во двојки Украинецот Олександар Овчаренко (четврти носител на турнирот), триумфирајќи со 7-5 и 6-2 за час и половина игра.Во финалето, македонскиот тенисер ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Французинот Табур и Италијанецот Винсент Руџери.