Легендата на Јунајтед: Им го нудев Халанд за 4 милиони евра, но тие одбија!

114

Поранешниот норвешки фудбалер Оле Гунар Солскјер е легендата на Манчестер Јунајтед која најмногу ја паметат навивачите на „црвените ѓаволи“ по голот против Баерн Минхен во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година, кога Јунајтед ја освои тројната круна под водство на Сер Алекс.

Солскјер по играчката кариера, започна помалку успешна тренерска кариера во која раководеше со норвешки Молде, Кардиф и Манчестер Јунајтед, но може да се пофали дека беше еден од првите што го препозна извонредниот потенцијал на неговиот сонародник Ерлинг Халанд.

„Го повикав Јунајтед околу шест месеци пред да седнам на нивната клупа, им кажав за напаѓачот што го имаме во Молде, но тие не послушаа. Побарав четири милиони фунти, но тие не сакаа да го ангажираат“, изјави Солскјер за англискиот таблоид The ​​Sun.

Како што е познато, Јунајтед не го донесе Халанд и норвешкиот стрелец замина во РБ Салцбург, а подоцна во Борусија Дортмунд и на крајот во сината страна на Манчестер, односно во Сити, за кој сезонава постигна 51 гол на 47 настапи.

ПретходноТен Хаг: Нема да го исфрлам од составот Де Хеа!
СледноПиоли: Шансите Леао да заигра против Интер се добри