Пиоли: Шансите Леао да заигра против Интер се добри

65

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, откри дека постои голема можност Рафаел Леао да се опорави за реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Интер . Португалецот заработи повреда на првиот меч против Лацио минатата сабота и ја пропушти првата средба со „Нероазурите“, која заврши со победа на Интер со 2:0.

„ Златан и Флоренци се надвор од теренот, а Круниќ и Месијас исто така нема да бидат достапни за утре. Нашите мисли се со Бенасер во моментов. Во оваа фаза од сезоната, тешката повреда е непријатна, но тоа се ризиците на нашата професија. Сепак, тој е силен карактер и Сигурен сум дека ќе се врати посилен. Имаме некои мали проблеми, како отсуството на Леао , но има големи шанси тој да може да тренира во недела и да биде подготвен за вторник“, изјави Пиоли за клупската телевизија.

ПретходноЛегендата на Јунајтед: Им го нудев Халанд за 4 милиони евра, но тие одбија!
СледноНено и Уникс со клучен брејк во Краснодар