Нено и Уникс со клучен брејк во Краснодар

141

Тимот на Уникс Казан на чело со нашиот Ненад Димитријевиќ го направија веројатно клучниот брејк во финалната серија од шампионатот на Русија, откако предмалку со 88:90 го совлада тимот на Локомотив Кубан на негов терен.

За ова им беше потребно и едно продолжение, затоа што регуларниот дел од мечот заврши нерешено. Згора на тоа, Нено и немаше баш свој ден, затоа што го заврши мечот уште на стартот на последната четвртина со шест поени ни и пет лични грешки.

Сега, серијата е со предзнак 3:1 за тимот на Уникс, а следниот меч се игра на негов терен во вторник.

 

ПретходноПиоли: Шансите Леао да заигра против Интер се добри
СледноКалин најдобар во двојки во Куршумлиска бања