Клуб 100: Динамо со специјален дрес за нашиот капитен (ФОТО)

254

Пред почетокот на вчерашниот натпревар од последното коло во хрватскиот фудбалски шампионат меѓу екипите на Динамо (З) и Шибеник, нашиот фудбалски репрезенативец и капитен, Стефан Ристовски, доби посебен подарок од својот клуб.

Откако веќе ја мина границата од 100 одиграни натпревари во дресот на загрепските „модри“, Стефан доби посебен врамен дрес со бројот 100 кој ќе остане во неговите приватни витрини како спомен за периодот поминат на „Максимир“.

ПретходноРекордна ноќ на Тејтум, Бостон е во источното финале (ВИДЕО)
СледноЛапорта: Титулата е дело на Чави, а ние правиме се за да го вратиме Меси дома