На Мастерс турнирот во Рим, се случи првата голема сезнација. Во рамките од 1/16 финалето еден од фаворитите за највисок пласман, Карлос Алкараз, загуби од анонимниот тенисер од Унгарија, Фабиан Маросан со 2:0 по сетови, 6-3 и 7-6.
Маросан за прв пат е дел од главната рунда на еден Мастер турнир и воопшто на некој турнир од категоријата 1000.
Маросан во следната рунда во Рим ќе игра против хрватскиот тенисер Борна Чориќ.