Оршиќ: Ех, да „забиевме“ во првото продолжение…

189

Хрватска е елиминира од ЕУРО 2020 по еден од најлудите натпревари. Губеа „коцкастите“ со 3:1, па стигнаа до 3:3, во првото продолжение имаа две убави шанси, а потоа потонаа. Примија два брзи гола и го загубија мечот. Мислав Оршиќ беше феноменален, ги полудуваше шпанските дефанзивци со своите брзи потези и беше еден од најрасположените хрватски фудбалери.

Прво им благодарам на навивачите убаво е да се игра пред нив. Се боревме до самиот крај, но тие ја искористија секоја шанса и заслужено победија“, изјави Оршиќ.

Хрватите на почетокот на првото продолжение имаа две прекрасни шанси, прво преку Оршиќ, потоа преку Крамариќ. Потоа стигна казната…

За жал не успеавме тогаш да забиеме. Тогаш се кршеше мечот и тогаш да дадовме гол којзнае како ќе завршеше мечот? Но мораме да гледаме напред. Знаевме дека тие сакаат да ја држат топката, а ние се обидувавме да им ја одземеме. Имавме некои шанси, но денеска имаше премалку“, заклучи играчот на Динамо Загреб за ХРТ.

Претходно„Пандевци“ ги запалија моторите, во наредните денови доаѓаат и засилувања
СледноХамшик дојде во Трабзон, стотици навивачи го чекаа на аеродромот (видео)