Алиоски доби конкуренција – играч на Барса доаѓа на „Еланд роуд“

458

ФОТО: Твитер

Лидс Јунајтед е многу блиску до трансфер на фудбалерот на Барселона, Џуниор Фирпо. Според италијанските медиуми Милан извиси во трката по овој фудбалер, а Лидс успеал да се договори со каталонскиот клуб за сума од 15 милиони евра плус бонуси.

„Росонерите“ го сакаа како позајмен, а Барса да го продаде, па затоа Лидс е најдобрата варијанта со што каталонскиот клуб извлече дел од парите кои ги даде на Бетис во 2019 година (го купија за 18 милиони евра).

Фирпо кој ќе наполни 25 години во август одигра 18 натпревари за Барселона изминатата сезона или поточно 844 минути.

Фирпо е лев бек што значи дека македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски ќе има сериозна конкуренција во новата сезона, се разбира ако тој одлучи да остане на „Еланд Роуд“.

ПретходноХамшик дојде во Трабзон, стотици навивачи го чекаа на аеродромот (видео)
СледноРанокија и Д’Амброзио ги обновија договорите со Интер