Македонскиот интернационалец Филип Најдовски денеска го запиша 100 настап за албанскиот Суперлигаш Тирана. Тој беше дел од тимот кој денеска одигра 1:1 во дербито за титулата против Партизани. Тирана е лидер со 60 бода, два повеќе од второпласираниот Партизани по 33 кола.
Најдовски направи трансфер во Тирана во 2020 година од редовите на Вардар.