Сити ги понижи „кралевите“ и закажа финале со Интер (видео)

545

Манчестер Сити му се реваншираше на Реал Мадрид за ланската елиминација во полуфиналето на ЛШ. Оваа сезона „Граѓаните“ ја научија лекцијата и со стил го елиминира европскиот првак и закажа второ финале во Лигата на шампионите во кое ќе игра со Интер.

По оние 1:1 во Мадрид, вечерва се бараше победник. А „Граѓаните“ одиграа фантастично и со 4:0 го совладаа Реал.

Содржајни беше првото полувреме. Во 13 минута Куртоа го спаси својот гол по ударот со глава на Халанд. Десет минути подоцна домашните поведоа.  Бернардо Силва се најде во супер позиција и со шут со левата нога го совлада Куртоа.

Во 34 минута Тони Крос со удар од далечина ја погоди пречката, а само една минута подоцна по една одбиена топка, Силва со глава го совлада Куртоа за убаво водство на Сити.

Во второто полувреме Сити повторно доминантен и со уште два гола ја заокружи големата победа. Кевин де Брујн со помош на Милитао зголеми на 3:0 во 76 минута, а во финишот точка стави Алварез.

Сити по 2021 година повторно ќе играат финале. Противникот им е Интер кој по 13 години ќе игра финале во ЛШ.

А финалето е во Истанбул на 10 јуни.

ПРВИОТ ГОЛ НА СИЛВА

ВТОРИОТ ГОЛ НА СИЛВА

 

ПретходноЛиверпул потврди за четворицата играчи кои го напуштаат „Енфилд“
СледноПСЖ е вториот патник на Ф4 во Келн