Враќањето на Меси во Барса значи заминување на ѕвезда од тимот!

272

Барселона се уште се обидува да ги среди финансиите на клубот за да може на лето да го доведе Лионел Меси. Иконата на клубот треба да се врати по две години играње за ПСЖ, но за да се исполни сонот на навивачите, дел од играчите и челниците на клубот, треба дел од ѕвездите се насочат кон излезната врата.

Доаѓањето на Меси, без разлика што тој е подготвен да ја намали цената, нужно повлекува и кадровски промени, а според извештаите кои доаѓаат од Шпанија, една од нив се однесува на Рафиња. Бразилското десно крило пристигна во клубот минатата година во трансфер вреден 58 милиони евра од Лидс и потпиша договор до летото 2027 година.

Откако пристигна во Барселона, Рафиња успеа да забележи 46 настапи за клубот. Тој постигна 10 и асистираше на 12 гола во сезоната, во која Барса ја освои титулата во Ла Лига и Суперкупот.

Меси оваа сезона одигра 39 натпревари за ПСЖ, постигна 20 и намести 19 гола.

ПретходноСедум години учеше од Обрадовиќ сега ќе стане тренер на Ефес!
СледноЛеброн ги израдува фановите: Ништо не може да ме спречи да играм на третиот меч!