Мудрецот Мурињо го „пецна“ Гвардиола!

658

Жозе Мурињо со своето искусво и визија за фудбал ја претвори Рома во победнички тим. Минатата година ги предводеше до трофејот во Конференциската лига, а сега има шанса да ја освои Лигата на Европа.

Специјалниот некако ја турна Рома во финалето. Доби многу критики и за „паркирањето на автобусот“ пред голот, но Жозе истакнува дека понекогаш едноставно нема друг избор освен да се брани со расположливите сили.

„Единствените тимови кои не се мачат се оние фантастични тимови кои имаат играчи од 40 или 70 милиони евра на клупата. Во Сити влегоа Алварез, Фоден и Махрез. Кај нас ако недостигаат четири или пет играчи, тогаш тоа е страдање. Во Рома влегуваш по ред. Се знае чиј е редот. Инвестиравме седум милиони евра на пазарот и играме финале. Затоа сме неверојатни“, изјави Мурињо.

Финалето на Лига Европа меѓу Рома и Севиља ќе се одигра на 31 мај во Будимпешта. Интересно е што Шпанците никогаш не загубиле финале, ниту Жозе Мурињо, па нечија традиција ќе биде прекината.

ПретходноКуп на Македонија – 30.финале: Симов и Дуро ги објавија стартните состави!
СледноНајдобриот ракометар кој поради стрес мораше да паузира – им се врати само на тренинзите!