Македонија ЃП води со 1:0 и тоа со гол од пенал во финалето во Купот на Македонија. Попзлатанов шутираше, Кочоски го удри топката, не се гледа најубаво дали имаше игра со рака од страна на играчот на Струга ТЛ. Судијата Стојчевски покажа на белата точка а Мишевски беше сигурен пеналџија.