Иван Галевски пред потпис со Струга ТЛ!

998

Иван Галевски (24), досегашниот напаѓач на Силекс, се чини дека во новата сезона ќе го носи дресот на Струга Трим Лум. Како што дознаваме, Галевски е веќе во Струга, тренира со своите идни клупски колеги, се чека само на официјалната промоција од страна на Струга Трим Лум.

Инаку Галевски може да игра на повеќе позиции во нападот, може и како класичен центарфор, но и како лево или десно офанзивно крило.

Галевски во Кратово престојуваше само шест месеци, од страна на тогашниот тренер на кратовци Горан Симов не добиваше голема минутажа, но и таа што ја добиваше максимално ја користеше, беше стрелец на два гола во првенството.

Иван Галевски во својата кариера, покрај за Силекс има играно и за младинската екипа на Македонија ЃП, Еуромилк, Кит Го, а има две години беше член и на Луситано САД од Португалија, пред да дојде во Силекс во февруари оваа година.

ПретходноСветскиот шампион, светскиот вицешампион и европскиот првак во аут!
СледноФранцузите бараат оставка од Дешамп, го сакаат Зидан за селектор!