По првите 45 минути од баражот за ПМФЛ, Вардар со голот на Размоски уште во 4.минута води со 1:0. Вардар е далеку подобар на теренот во Кавадарци, имаше и неколку шанси, како на Размоски, Јусуфи,Мишковски, поништениот гол на Десниќ, лесно можеше Вардар да има и повисоко водство.
Скопје како да е во шок, посебно по онаа 35.минута кога поради неспортски потег, фрли „бакља“ кон трибините, доби директен црвен картон од судијата Александар Ставрев.
Нема што, на Скопје ќе му биде пеколно тешко да се врати во игра, а Вардар не само што има водство туку ја има и големата поддршка од своите бројни фанови кои се на трибините на стадионот во Кавадарци.