Салцбург деветтипат по ред е шампион на Австрија!

95

На две кола пред крајот на австриската Бундеслига, екипата на Ред Бул Салцбург и математички ја обезбеди титулата австриски шампион. Во драматичниот дуел со Штурм денеска, Салцбург славеше со 2:1.

Гостите од Штурм поведоа во самиот финиш на првото полувреме, во 42. минута, а голот го постигна Санковиќ. Амар Дедиќ успеа да го израмни резултатот на 1:1, а голот за титула за Салцбург го постигна резервистот Контате во 88. Минута.

Екипата на РБ Салцбург на две кола пред крајот има шест бода предност пред актуелниот ривал, а има и подобар меѓусебен скор. Ова е нивна деветта последователна титула во Австрија.

ПретходноВалтер Таварес е МВП на Ф4 турнирот од Евролигата!
СледноНавивачите на Валенсија со расистички навреди за Винисиус, го нарекуваа „мајмун“