Тричковски со гол во 93. минута обезбеди важен бод за АЕК Ларнака (ВИДЕО)

145

Иван Тричковски обезбеди голем бод за екипата на АЕК Ларнака во денешниот дуел со Пафос во новото коло од доигрувањето во кипарскиот шампионат. Тричко погоди во 93. минута на домашен терен за израмнување на 1:1 и бод за АЕК Ларнака кој ги остава на 3. место на табелата кое води во Европа.

Гостите денеска водеа од 38. минута, потоа останаа со играч помалку и не успеаја да ја задржат предноста. За Тричковски ова беше вториот гол во доигрувањето.

ПретходноНавивачите на Валенсија со расистички навреди за Винисиус, го нарекуваа „мајмун“
СледноЛидс сезонава ги загуби сите натпревари во Лондон