Левандовски со нова изјава дополнително го зголеми бесот на навивачите на Баерн!

2621

Роберт Левандовски по осум години реши да го напушти Баерн и да бара нов предизвик во кариерата откако освои се што можеше со Баварците.

Тој се одлучи за Барселона и на крајот мораше да постави ултиматум до клупските челници да го пуштат. Тоа навистина не им се допадна на навивачите на Баерн бидејќи сметаат дека Левандовски не бил фер кон клубот во кој се прославил.

Полјакот, покрај се што направи во дресот на Баерн, навивачите не го паметат баш поради заминувањето во Барселона, а се чини дека сега Левандовски би можел да стане најомразената личност во Минхен.

Шпанските медиуми пред неколку дена објавија дека Џошуа Кимих е решен да го напушти Баерн ова лето и дека Барселона е една од можните дестинации за германскиот интернационалец.

Ваквите шпекулации очигледно стигнаа и до Левандовски, кој јавно реши да го повика Кимих да ја прифати понудата на Барселона и дека сигурно нема да погреши со таквиот избор.

„Би му кажал на Џошуа Кимих дека трансферот во Барселона би бил многу вреден за него. Атмосферата овде е поинаква, посебна. Баерн и Барса се два големи клуба, но тука се е поинаку. Јазикот, секојдневието, искуството, предизвиците. Апсолутно се“, изјави Левандовски.

Во Барселона веруваат дека Кимих би бил идеална замена за Серхио Бускетс, кој на крајот на сезоната реши да го напушти клубот откако му истече договорот.

28-годишниот фудбалер има договор со Баерн до летото 2025 година, а се шпекулира дека Барселона е подготвена да плати околу 50 милиони евра за него.

ПретходноТренерот на Елмас отворено: На Де Лаурентис му кажав се што требаше, немаше никакви преговори!
СледноМирсад Јонуз повеќе не е тренер на Скопје – си поднесе оставка!