На Белингем денеска автоматски му се продолжи договорот со Борусија Д.

1933

Интересен договор потпишал англискиот репрезентативец Џуд Белингем со Борусија Дортмунд. Играчот од средниот ред денеска полни 18 години, а во неговиот договор имало посебен член кој вели дека ќе му се продолжи договорот кога ќе стане полнолетен до 2025 година.

Актуелниот договор на младиот играч со Борусија Дортмунд беше до 2023 година, а сега тој е „врзан“ со германскиот тим уште четири години.

Дортмунд го купи Белингем од Дерби за 11 милиони евра, а се претпоставува дека неговата цена сега е тројно зголемена.

ПретходноБрат и сестра близнаци, членови на ШК Алкалоид, станаа младински шампиони на Македонија!
СледноТрабзонспор во финална офанзива за Алиоски, но Мрме ја „расипува“ работата