Калин Ивановски: Среќен сум што ќе играм на турнирот во Скопје!

188

По долги, долги години, Скопје може да се пофали дека конечно ќе биде организатор на еден силен турнир во тенис. Од денеска па се до викендот, во главниот град на нашата земја, на терените на ТК клуб „Југ“, ќе се одржи “Macedonian Open 2023“ АТП Челинџер 75.

Се разбира дека за нас главна ѕвезда е нашиот најдобар тенисер Калин Ивановски, кој денеска на пресот по повод стартот на турнирот покрај друго истакна:

Среќен, пресреќен сум што ќе играм на еден ваков турнир во Скопје. Секако дека ќе го дадам својот максимум да дојдам до што подобар резултат. Познати ми се поголем дел од тенисерите кои што тука ќе настапат. Сакам да упатам апел до љубителите на тенисот да дојдат во што поголем број и да ми ја дадат поддршката. Мислам дека играњето пред домашната публика секако дека ќе биде мотив повеќе за мене“.

Инаку Калин својот прв меч ќе го има утре и тоа против Дино Призмиќ од Хрватска.

Да кажеме дека наградниот фонд на овој турнир е 80.000 долари. Додека победникот ќе добие 75 поени.

ПретходноПознати се сите екипи кои во сезоната 2023/24 ќе играат во ПМФЛ: И Вардар во елитното друштво!
СледноРеал со официјално соопштение, поддршка за Винисиус од Инфантино, Нејмар, Роналдо, Мбапе…