Трансферот на Камада во Милан може да пропадне поради фудбалер на Челзи

430

Трансферот на играчот од средниот ред на Ајнтрахт Франкфурт, Даичи Камада во дресот на Милан е доведен во прашање, откри новинарот Фабрицио Романо.

Според пласираните вести, зделката е речиси договорена, но италијанскиот клуб се уште нема донесено конечна одлука, бидејќи играчот од средниот ред на Челзи, Рубен Лофтус-Чик, останува најпосакувана опција за „росонерите“. Преговорите со Челзи се во тек, па првите луѓе на Милан го запоставија трансферот на Камада, кој нема да биде изненадување да пропадне.

Камада постигна 16 гола и направи 6 асистенции на 45 натпревари за Ајнтрахт во сите натпреварувања оваа сезона и беше најавен како прво големо засилување на Милан, откако 26-годишниот Јапонец на крајот на сезоната ќе го заврши договорот со бундеслигашот и како слободен играч треба да се пресели на „Сан Сиро“.

ПретходноРакометарките поразени и од домаќинот
СледноЏеко и Инзаги во конфликт, Босанецот тешко дека ќе игра во Истанбул!