Тежок ждреб за Новак Ѓоковиќ во походот кон пехарот на Ролан Гарос. Имено Србинот во ист костур е со Карлос Алкараз и со него би можел да се во полуфиналето, а тука се и Рубљов, Циципас.
Првиот противник за Новак ќе биде Александар Ковачевиќ, тенисер од САД со српски корени.
Инаку познато е дека на овој Ролан Гарос ќе го нема Рафаел Надал со што на Новак му е олеснета задачата, но затоа тука е другиот Шпанец, Карлос Алкарза кој според некои прогнози е најголемиот фаворит.