Калин Ивановски неочекувано уште на стартот на турнирот во Скопје беше елиминиран во сингл, но затоа во двојки добро му оди. Денеска на терените на ТК Југ, Ивановски со Берк Бугариќ успеаја да слават против индиската двојка Раџа Пуран и Дивиј Шаран во рамките на осминафиналето и тоа со 2:1 во сетови, додека во гемови беше 6:4, 1:6 и 10:7, па така остварија пласман во 1/4 финалето.
Во оваа фаза нив ги чека меч против двојката Петр Ноуза и Ендрју Полсон.