Повеќе од јасно е дека спортска Македонија и тоа како има симпатии и навива за Новак Ѓоковиќ, а тој враќа со тоа дека има симпатии кон Македонија.
Взаемна спортска љубов и поддршка од двете страни.
Па така во пресрет на својот настап на Ролан Гарос, Новак доби македонски дрес со бр.10 и тоа од страна на Горан Кипријановски – Кипре, еден од нашите најголеми фанови кој секогаш и секаде ги поддржува македонските спортисти и репрезентации.
Се разбира дека Новак се израдува на подарокот од Кипре.