Нов пораз за Македонија на ЕП во ракомет на плажа!

168

Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа го запиша шестиот пораз на Европското првенство кое се одржува во Португалија. Избраничките на Златко Мојсоски беа совладани од Унгарија со 2-0.

Противникот одигра моќно во првиот сет, го доби со убедливи 26-8, додека во вториот сет играта беше порамноправна, но резултатот беше во корист на Унгарките, кои беа подобри со 10-14.

Ива Божиновска и Бојана Диневска со по шест поени беа најдобри стрелци, четири погодоци имаше Теодора Гулицоска.

Нашата репрезентација ќе одигра уште два меча во битката за краен пласман на континенталното натпреварување во ракомет на плажа.

ПретходноРеал и Барса го загубија “Ел Класико“ во Ла Лига!
СледноФановите на Наполи во транс, Спалети навистина тоа го направи! (ФОТО)