Барса го избрка играчот кој чинеше половина милион по минута

1464

Матеус Фенрандез и официјално од денеска не е повеќе член на тимот на Барселона. Едно од најмистериозните засилувања во модерниот фудбал траеше на Ноу Камп само една година. Пристигна од Палмеирас за 7.5 милиони евра, и никогаш верувале или не немаше официјална промоција во новиот клуб. Беше веднаш испратен на позајмица во Ваљадолид, и таму не одигра ништо, па се врати во Барса.

Тука Бразилецот имаше деби против Динамо Киев во кој меч одигра само 17. минути, и тоа беше се од него. Овој податок значи дека Матеус го чинел клубот, речиси половина милион евра по минута, онолку колку што одигра за Барселона.

Неговиот трансфер беше дело на сега веќе екс управата на клубот, на чело со претседателот Бартомеу која рака на срце имаше грст потези кои ќе бидат под присмотра како на интерните органи во клубот, а богами и од страна на финансиските власти во Шпанија.

 

ПретходноПатрик Виера е новиот менаџер на Кристал Палас
СледноИзет Хајровиќ си замина од Динамо Загреб и се сели во Арис