Екс фудбалер на Ливерпул, Тотенхем, репрезентацијата: „По кариерата пиев, се коцкав, се тепав со браќата“

58

Се повеќе се фудбалери, особено од Англија, кои по завршувањето на кариерата имаат пороци, а дел од нив никако да се спасат.

Еден од примерите е и Дени Марфи, екс играчот на Ливерпул, Тотенхем, Фулам, и на англиската репрезентација. Меѓутоа по завршувањето на кариерата, како и многумина играчи, имал пороци.

„Ми беше тешко без фудбалот по ставањето крај, затоа пиев, се коцкав, се разведов, па дури се тепав и со браќата“, рече Марфи.

Сепак, како што вели, успеал да се спаси.

„Пресвртот се случи кога почнав да зборувам со пријателите и фамилијата што ми се случи. Бев изморен од се. Најтешката работа ми беше што бев искрен кон лицата кои ги сакам. Прифатив професионална терапија и почна мојата рехабилитација. Имам одличен однос со пријателите, прекрасна партнерка, и повторно сум во контакт со своите браќа“, рече Марфи.

ФОТО: ФК Ливерпул

 

ПретходноНаполи и натаму во „игра“ за ЛШ, Елмас остана на клупата во Фиренца (ВИДЕО)
СледноМОТО ГП: Милер триумфираше во Ле Ман