Спинацола на радарот на Реал, Барса и ПСЖ

207

Ги дочека Леонардо Спинацола своите пет минути. И тоа какви. Игра фантастично на ова ЕУРО, два пати е избран за играч на натпревар и нормално е да го сврти вниманието кон себе.

Тој во моментов има 28. години, а со оглед на специфичноста на неговата позиција, лев бек, тој во моментов е и тоа како баран од сите големи екипи во Европа.

Тој е дете ја Јуве, но никогаш не доби шанса во Торино, туку беше испраќан на позајмици. Аталанта, Виченца, Перуџа, беа клубовите каде што играше, а буквално експлодираше во дресот на Рома каде што е вече две сезони.

Барса, Реал Мадрид и ПСЖ веќе се наредија во стројот за него, а ќе видиме кој прв ќе го приблече.

ПретходноКлоп, ти ли си или не си? (видео)
СледноБитолчани директно во групната фаза во Европската лига