Деби на одбојкарките во Сребрената лига: Еден одличен сет и пораз од силната Австрија

179

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз од Австрија од 0:3 (15:25, 20:25, 15:25) го имаше својот прв настап на евро-сцената по пауза од петнаесетина години. Во првиот меч од групата, нашите одбојкарки покажаа дека имаат потенцијал, кој со добра работа може да доведе и до многу подобри резултати во иднина.

Нашите одбојкарки го отворија мечот во грч и Австрија тоа успеа да го искористи. Иако добро се држевме до средината на сетот, во завршницата паднавме во играта и дозволивме Австријките да се одлепат и убедливо да го решат сетот во своја полза со 25:15.

Во вториот сет друга слика на теренот. Многу подобра игра на нашата селекција, одлично затворање на блокот и сигурен напад. Тоа доведе до одлична стартна предност од 4 до 5 поени (11:7). Предноста успевавме да ја одржиме до средина на сетот, кога Австрија повторно влезе во ритам и дојде до предност од 16:17. Иако се обидовме да се вратиме во игра, Австријките го искористија искуството, се одлепија и на крајот со 25:20 победоа и со 2:0 во сетови.

Третиот сет го отворивме лошо и дозволивме Австријките да тргнат со висока предност (3:9). Истата успеаја мудро да ја одржат и во продолжението на сетот, иако ние постојано се обидувавме да намалиме. Австрија го приведе сетот со висока предност и на крајот со 25:15 ги постави конечните 3:0.

Во среда во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, нашите одбојкарки во 2. коло ќе бидат домаќини и на средбата со Летонија која денеска загуби од Естонија со 3:1.

🏐 ЕВРОПСКА СРЕБРЕНА ЛИГА (Ж)

ГРУПА „А“ – 1 КОЛО (ДЕНЕСКА)

Естонија – Летонија 3:1 (20-25, 25-21, 25-16, 25-21)

Македонија – Австрија 0:3 (15-25, 20-25, 15-25)

ПретходноФОТО за историја, Алкалоид е на „седмо небо“!
СледноШкупи со две засилувања во еден ден: Хамза и Воша нови чаирчани