Мбапе на една девојка и го скрши носот, па после се извинуваше! (ВИДЕО)

352

И дефинитовно Килијан Мбапе, веројатно во моментов најголемата фудбалска ѕвезда во светот, е голем господин, вистински џентлмен.

Имено синоќа пред мечот со Стразбур, напаѓачот на ПСЖ при загревањето ја шутна топката која заврши на трибините и погоди една девојка во носот. Веројатно и беше скршен со оглед на тоа колку крвареше.

Кога виде што стори, како што се гледа од видеото, Мбапе влета на трибината, дојде до несреќната девојка и потоа и се извини. Тој беше цело време со неа кога лекарите и ја санираа повредата. Девојката не беше лута, напротив, и покрај скршениот нос таа цело време се потсмеваше, сепак не е мала работа еден Мбапе да ти го скрши носот.

ПретходноСолзите на Терзиќ по епската трагедија за која самите си се виновни во Дортмунд! (ВИДЕО)
СледноСупер гест на Новак, ете затоа најдобриот тенисер е голем човек! (ВИДЕО)