Серхио Рико сериозно повреден по пад од коњ

199

Голманот на ПСЖ, шпанскиот интернационалец Серхио Рико е сериозно повреден откако денеска доживеал пад од сопствениот коњ. Првичните инфирмации се дека има сериозни повреди на главата и дека итно е пренесен во болница со хеликоптер.

„Марка“ пишува дека при падот животното со ногата дополнително го повредил Рико во пределот на вратот.

Рико беше дел од составот на ПСЖ викендов, а веднаш по завршувањето на мечот против Стразбур, заминал за местото Ел Рокио во Хуелва каде што се одржува фестивал. Таму и се случила несреќата.

 

 

 

ПретходноЗавршница на детските лиги на ФФМ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМладинците на Македонија ЃП се шампиони