Битолчани директно во групната фаза во Европската лига

184

Е. Пелистер втора сезона по ред во Лига Европа, првите натпревари во октомври.

Македонскиот вицешампион ќе ја претставува Македонија во групната фаза на Лига Европа за сезоната 2021/22. Со оглед на почетната позиција и акумулираниот рејтинг, битолскиот клуб ќе се најде во групната фаза на натпреварувањето и првите официјални натпревари ќе ги одигра во октомври годинава.

Ждрепката за групната фаза е закажана за крајот на септември, по завршувањето на 2. квалификационо коло.

Прво квалификационо коло – 28 и 29 август и 4 и 5 септември 2021 година
Второ квалификационо коло – 11 и 12 септември и 18 и 19 септември година
Групна фаза – октомври 2021 – март 2022
Завршен турнир – 28 и 29 мај 2022 година

Европската ракометна федерација (ЕХФ) дополнително ќе ги одреди квалитативните шешири за групната фаза на Лига Европа.

ПретходноСпинацола на радарот на Реал, Барса и ПСЖ
СледноПОЛУВРЕМЕ: Хумелс го спречи Кејн да даде гол – 0:0 на „Вембли“