По 7 години, Гереиро си замина од Борусија (Д)

802

Рафаел Гереиро ја напушта Борусија Дортмунд по 7 години поминати во клубот. Фудбалерот го напушта клубот како слободен играч, откако договорот му истекува на 30 јуни 2023 година.

„По седум прекрасни години, време е да се збогуваме со голема тага. Сеќавањата што ги добив овде ме научија многу и исто така ми помогнаа многу да сфатам што точно сакам во фудбалот. Ова збогување е најтешкиот дел од мојата кариера, судејќи по возбудата што ја почувствував влегувајќи на теренот на овој прекрасен стадион. Верувајте, никогаш нема да ги заборавам чувствата што ги доживеав кога играв за овој клуб и ги бранев боите на Борусија! Ви благодарам!” напиша Гереиро.

29-годишниот лев бек стана најдобар асистент во Бундеслигата оваа сезона со 12 асистенции во 27 натпревари.

ПретходноЛа Лига: Реал Сосиедад ја пополни четворката за ЛШ, Еспањол се сели во Сегунда
СледноСмртни закани за фудбалерот кој наводно го „намести“ Ван Нистелрој во ПСВ